ВБЦ одлучи дека Луис Ортиз на 4 ноември нема да се бори против нивниот шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (38-0, 37 КО).
Кубанецот беше позитивен на две забранети супстанци на допинг тест во пресрет на борбата, а тоа му е втор позитивен наод во кариерата.
Затоа 31-годишниот Вајлдер по шести пат ќе ја брани титулата против задолжителниот предизвикувач Бирмејн Стиворн (25-2-1, 21 КО), против кого и стана светски шампион со победата во јануари 2015 година во Лас Вегас.
Од тогаш 38-годишниот Хаитец одработи само една борба и неговата позиција на задолжителен предизвикувач е многу чудна. Во ноември 2015 година на поени го порази Дерик Роси (31-13, 15 КО) во борба во која се најде во нокадаун.
Борбата со Вајлдер ќе му биде прва во две години. Требаше да се бори со Александар Поветкин во декември минатата година во мечот за задолжителен предизвикувач, но Поветкин падна на допинг тестот, како и во пресрет на закажаната борба со Вајлдер.
Стиворн требаше да се бори против Доминик Бризил на мечот Вилдер-Ортиз.