Пред неколку дена Турки Алалших, главниот задолжен за организирање на спортски и забавни настани во Саудиска Арабија, му понуди на Филип Хрговиќ настап на големиот настан на 8 март, на кој ќе биде главен и мечот меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану.
Хрватскиот боксер може да избере и противник со кој би се борел на тој настан, а се нудат: Даниел Дубоа, Мартин Баколе, Френк Санчез, Џарел Милер, Агит Кабајел и Џаред Андерсон.
Ел Анимал (17-0, 14 КО) имаше две борби минатата година и двете завршија со прекин. Во август го победи Демси МекКин со прекин во 12. рунда, а на крајот на годината го победи Марк де Мори со технички нокаут во првата рунда, со што ја одбрани позицијата на прв предизвикувач во борбата за титулата на ИБФ.
Филип, иако доби поголем список на потенцијални противници, тој се уште не се изјаснил, но еден од нив реши да го прозива Хрватот.
„Хрговиќ, слушам некого прозиваш, но не го слушнав моето име. Дали си подготвен? Јас сум“, изјави 26-годишниот Даниел Дубоа, кој е на петтото место на рангирањето на БоксРец, четири повеќе од хратскиот боксер.
Во август, како предизвикувач на ВБА, англискиот тешкаш загуби од Александар Усик, а на крајот на годината го победи Џарел Милер со прекин во десетата рунда.
Времето ќе покаже дали Филип ќе чека прилика да се бори за светската титула или ќе ризикува и ќе бара борба против некој од понудените боксери, кои несомнено припаѓаат на горниот дом на тешката категорија.