ОНЕ ФЦ борба заврши со брутален нокаут по само 6 секунди од борбата (ВИДЕО)

Nastyukhin-Lisit

Тимофеј Нацухин повторно го импресионираше ММА светот со брутална нокаут денес на ОНЕ ФЦ 43 настанот. Искусниот Роб Лист го нокаутираше по само шест секунди од борбата.

Откако во 2014 година воодушеви во борбата против Едуардо Фолјанг, кого го совлада со нокаут со коленото и фудбалски клоци, младиот руски борец Тимофеј Нацухин повторно го воодушеви светот со онашто може да го направи.

Искусниот борец Роб Лист падна по само шест секунди од борбата. Русинот го собори со првиот вистински удар во борбата, а потоа успеа да го погоди (непотребно) со фудбалски удар во главата, пред да биде прекината борбата.

Сјајна изведба, но не може а да не забележиме дека и кај двата нокаути фудбалски удар беше непотребен и е брутален. Нацухин е еден од оние борци поради кои оваа техника е забранета во повеќето од елитни промоции во светот. За среќа на љубителите на овие работи, во ONE FC можеа повторно да уживаат во перформанс намалку пребруталниот руски борец.

https://youtu.be/GIGMAfSzOQg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON