АктуелноМеѓународна сценаММА

ОНЕ Чемпионшип закажа реванш меѓу Малихин и Кејн

ОНЕ Чемпионшип официјално објави реванш за титулата во тешка категорија меѓу Анатоли Малихин и Умар Кејн.

Борбата е закажана за 15 мај во главниот град на Тајланд, Бангкок, и се очекува да биде еден од најинтересните настани во тешката категорија на организацијата.

Потсетуваме дека двајцата се сретнаа за прв пат во ноември 2024 година на ОНЕ 169, кога Кејн го победи Малихин со поделена одлука и му го нанесе првиот пораз во кариерата, одземајќ му го шампионскиот појас.

Ревваншот првично беше закажан за ноември 2025 година на ОНЕ 173 во Токио, но беше откажан откако Кејн доживеа сообраќајна несреќа во ОАЕ.

Сега двајцата борци конечно ќе имаат можност повторно да се соочат, титулата во тешка категорија повторно во прашање.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON