Омер Адиловски, 18 години, член на БК Скопје, стана шампион на Франција во грчко-римски стил.
„Би сакал само да кажам дека тој има само 18 години, а учествуваче на првенството во грчко-римски стил, иако тренира слободен стил. Имаше желба да се бори на Државното првенство и ги изненади, затоа што има големи желби во борењето. Имаше четири победи, а најдобрата му беше во финалето, во кое што во последните секунди со атрактивен зафват успеа да му земе 4 поени на противникот и стана шампион“, вели неговиот тренер во УС Метро, Хамди Адили, при што порача:
„Инаку, како негов тренер и чичко, ќе се трудам да направам добар резултат и во слободен стил, каде што ќе настапи и неговиот брат Ресул во категоријата до 55 кг. И двајцата ќе се борат на Светското првенство за јуниори кое ќе се одржи во Франција на крајот на август“.
Ipon.mk/В. Д.