Оливеира: Одам во Абу Даби да им ги затворам устите на Ислам и Хабиб

Чарлс Оливеира се закани дека ќе им ги затвори устите на Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов.

УФЦ пред неколку дена официјално ја објави борбата меѓу Оливеира и Махачев. Борбата за празната титула ќе биде водечка на УФЦ 280 на 22 октомври во Абу Даби. Обложувалниците го избраа Махачев за голем фаворит на оваа средба.

Оливеира е во серија од 11 победи, а Махачев во серија од 10 победи. Чарлс чувствува дека не добива почит од Хабиб и Махачев, но ќе им ги затвори устите на нивен терен во Абу Даби.

„Сите знаеја дека сакам да се борам со Конор Мек Грегор во Бразил, но тој не одговори на мојот предизвик.

Нурмагомедов и Махачев кажаа многу глупости во медиумите. Рекоа дека одат во Бразил да ме победат пред моите навивачи. Тие не се согласија. Дури и не се согласија да се борат на неутрална територија.

Како резултат на тоа, шампионот по трет пат ќе се бори на територијата на својот противник. Како што покажав во борбите со Пориер и Гејџи, тоа не ми е проблем.

Кога ќе се затвори кафезот, ќе бидеме само ние двајцата.

Одам во Абу Даби да ги замолчам Ислам и Хабиб. Ако Хабиб и Махачев сакаат да ја промовираат борбата без да даваат почит на другите форми на боречки вештини, тогаш тоа е нивно право.

Ги почитувам сите стилови на боречките вештини. Треба да бидеме внимателни со разговорот. Кого претепа Махачев? Ги победив сите на врвот со завршница или со нокаут. Нема да ја одведам борбата до одлука“, изјави Оливеира за Шердог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON