Актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Чарлс Оливеира, објави дека неговата борба против Дастин Пориер ќе биде дел од последниот настан на организацијата оваа година во декември.
„И ќе биде војна, Дастин Пориер“, напиша Бразилецот на Инстаграм.
„Со сета почит, во декември ќе им покажеме на сите наши навивачи голема битка“, додаде шампионот.
Судејќи според календарот на УФЦ, последното настан на организацијата оваа година ќе биде УФЦ 259, кој сè уште не е официјално објавен.
Во мај годинава Чарлс Оливеира го освои слободниот шампионски појас на УФЦ нокаутирајќи го Мајкл Чендлер во втората рунда, а Дастин Пориер го победи Конор Мек Грегор, кој ја скрши ногата во последните секунди од првата рунда.