Оливеира и Махачев без проблем го минаа мерењето, еден меч е откажан (ВИДЕО)

Се е подготвено за уште еден боречки спектакл под диригентство на најголемата светска ММА организација. Борбата меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев ќе биде главна на настанот УФЦ 280 што се одржува во Абу Даби.

Пред настанот се одржа мерењето на кое борците од главната борба за титулата шампион во лесна категорија ја исполнија дозволената граница.

Оливеира и Махачев тежеа исто, вагата за двајцата покажа 70,08 килограми.

А на вага мораше да стапне и нивната замена Александар Волкановски (70,31 кг). Австралиецот ќе биде подготвен доколку Оливеира или Махачев мора да го откажат настапот.

На интернет се појави интересна фотографија на која се гледа како целиот тим на Оливеира учествувал во слабеењето.

Шампионот во бантам категорија Алџамејн Стерлинг и Т.Ј. Дилашо успешно го минаа и мерењето, па борбата за титулата беше потврдена.

Но, Зубаир Тухугов имаше проблеми со симнувањето килограми, па неговиот меч против Лукас Алмеида е откажан.

Катлин Чокагијан не успеа на мерењето. Таа ја надмина горната граница во категоријата мува за 0,68 килограми и ќе загуби дел од хонорарот во борбата против Манон Фиорот.

Нивната борба ќе ја отвори главната програма на настанот во Абу Даби, на кој ќе има и борби меѓу Петар Јан и Шон О’Мели и Бенеил Дариуш и Матеуш Гамрот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON