Оливеира го загуби шампионскиот појас поради вишок килограми, УФЦ тврди: Вагата не беше проблем

Чарлс Оливеира беше многу убедлив против Џастин Гејџи и со 11-та победа во низа потврди дека е најдобриот борец во лесна категорија.

До Бронкс го победи американскиот борец во првата рунда на настанот УФЦ 274 во Феникс со гушење од позади во првата рунда.

Но, многу прашина се крена ден претходно кога Оливеира падна на мерењето поради двесте грама вишок, а УФЦ му го одзеде шампионскиот појас.

Не е невообичаено борците заради вишок килограми да непоминат на мерњето, но тоа прв пат се случи на меч за титулата.

Така Бразилецот стана првиот шампион кој остана без титула поради надминување на дозволената граница за одредена тежинска категорија.

Оливеира уште еднаш покажа дека е најдобриот борец на дивизијата по заминувањето на Хабиб Нурмагомедов.

Но, сите беа изненадени од однесувањето на До Бронкс, кој не покажа преголема вознемиреност поради паѓањето на вагата и фактот дека УФЦ му го одзеде појасот.

На мерењето во пресрет на настанот УФЦ 274, некои борци исто така изјавија дека вагата можела да биде погрешно поставена и покажала повеќе од вистинската тежина.

„На истата вага 28 борци ја исполнија тежината пред настапот. Апсолутно сум сигурен дека вагата не беше проблем, тие беа точни“, изјави потпретседателот на УФЦ Марк Ратнер и продолжи:

„Можно е некои борци погрешно да ги пресметале килограмите во фунти пред да се измерат. Оливеира тврди дека ја имал потребната тежина претходниот ден, а потоа го добил тој вишок преку ноќ. Не знам што да кажам, бидејќи не знам што правеа. Но, факт е дека во петокот ја немаше потребната тежина“.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, сето тоа го нарече „кошмар“, но потврди дека Чарлс Оливеира сигурно ќе добие шанса веднаш да го врати шампионскиот појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON