Олимписките квалификации во борење остануваат за следната година, одлучи екипата на Обединетото светско борење (UWW/ОСБ). Турнирите се пренесни за 2021 година. Европскиот квалификации требаше да се одржат во Унгарија во март и Светските во Софија кон крајот на април. Само финалистите ќе обезбедта норми за Олимписките игри, кои се одложени од 23 јули до 8 август следната година заради епидемијата на коронавирус.
Од останатите континентални квалификации, само Пан-Американеките се одржаа, другите беа поместени за следната година.
„А до 1 јули годинава, спортскиот календар ќе биде прецизиран до крајот на 2020 година“, рече Цен Ценов, потпретседател на УВВ и претседател на Европската федерација во борење. „Во меѓувреме, ќе разговараме со земјите домаќини дали ќе можат да ги прифатат останатите големи првенства. Можеби ќе треба да ги промениме и нивните датуми“.
Всушност, до крајот на 2021 година, останаа светски и европски првенства за помлите возрасти – момчиња / девојчиња, кадети, јуниори и младинци.
Осевн тоа, членовите на Извршниот одбор, по предлог на Цено Ценов, разговараа за Светокото следната година во Норвешка.
„Обично во олимписката година немаме светско првенство, но мислам дека е добро да остане“, додаде Ценов и нагласи: „Така ќе им даде можност на многу повеќе спортисти. Веќе разговаравме со домаќините од Норвешка. И тие се подготвени да го одложат првенството за еден месец подоцна, тоа е, во ноември, за да имаме подолга пауза помеѓу Олимпијадата и првенството“.