Олимпискиот вицешампион Георгиевски го испочитува шампионот Трстена: Во Париз сакаме Дејан да го видиме олимпискиот пиедестал

Олимпискиот вицешампион од Олмписките игри во Токио, таеквондистот Дејан Георгиевски, покажа максимална почит кон олмпискиот шампион и вицешампион Шабан Трстена и вчера го посети во неговиот дом во нивниот Бутел. Ова е интресна средба, затоа што и на нивната прва средба по освојувањето на европската титула во олимписки категории, Трстена му даде победнички совети на Георгиевски.

На муабетите и немаше крај, а воодушевувањето е заедничко, бидејќи после толку децении спортист од Македонија освои медал на Олимписките игри и тоа токму од Бутел. На средбата беа и тренерот Дарко Костовски, како и истакниот тренер во борење и долги години столб на БК Тефејуз, Назми Али.

„Вечерва, олимпискиот вицешампион од Токио, Дејан Георгиевски, дојде да ме посети во мојот дом, заедно со својот тренер Дарко Костовски. Браво за еден млад шампион со висок спортски карактер, кој знае да го испочитува стариот олимписки шампион“, истакнува Трстена на Фејсбук по средбата и додава:

„Разговаравме за многу работи во спортот. Шампиону, дали вие знаете, дали сте свесни за резултатите што ги постигна вашиот клуб за кратко време? Со твојот тренер Дарко трениравте многу напорно, секој час, ден и ноќ, само да бидете добро подготвени за секој противник на Олимписките игри.

Шампионе Дејане, ти отиде со својата пот и гордост на Олимпијада и се врати со голема гордост, со сребрен олимписки медал од Токио. Притоа го испиша твоето име со златни букви во историјата на спортот и на Македонија и на Олимписките игри.

За жал, има многу спортови кои со децении не успеваат да постигнат ниту олимписка норма. Но, вие не треба да застанувате тука, бидејќи вашите противници не спијат. Како што тие тренираат и се спремаат за Олимпијадата во Париз, Дејан треба уште повеќе да работи за да ги победи сите и да го потврди овој голем спортски подвиг. На нашата богата спортска маса ставивме три олимписки медали, за да занат сите други млади спортисти колку многу пот сме потрошиле за нив. Сме поминале низ многу тешки моменти и страдања, секој во своето време, но на крај нема поубаво чувство од ова, кога ќе ги освоите медалите за кои сите спортисти сонуваат во нивниот живот – олимписки медали.

Но, колку и да е голем успехот, не смее да има задоволување со овој медал. Сите сакаме после три години во Париз да го видиме нашиот млад шампион како се искачува на Олимпискиот пиедестал.

Како и да е, јас ќе бидам првиот што ќе му честитам ако успее да го повтори мојот подвиг на Олимписките игри, како единствен спортист од Македонија со олимписки златен и сребрен медал. Секако, јас прв ќе му честитам ако успее да го повтори мојот подвиг на Олимписките игри, како единствен спортист од Македонија со златен и сребрен олимписки медал. Немам што друго да кажам до Париз има само три години и затоа Дејане шампионе, нема застанување за тебе, јас најдобро знам како е јавноста да очекува од тебе злато. Те чекаат тешки и напорни тренинзи, многу пот, многу ноќи без сон, многу победи, можеби и некој пораз, но ќе те чекам јас, како стар шампион, дотогаш ќе наполнам 59 години.

Дејан, ти можеш да го направиш најголемиот успех во кариерата и да бидеш првиот олимписки шампион од Македонија во 21-от век“, вели Трстена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON