Најголем дел од нашите најдобри репрезентативци предводени од олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски се на врвен олимписки тренинг камп во Врњачка бања, Србија.
„Одлично тренинг искуство меѓу најдобрите борци на планетата. Овој тренинг камп е организиран од страна на Таеквондо клуб Галеб.
Седум дена се одржува еден од најсилните кампови во таеквондо во светот,на кој учествува плеада на олимпијци,олимписки медалисти и идни олимпијци“, вели селекторот Борче Костовски.
Ова се дел од подготовките за настаните што следат. На крај на август е Европското клупско првенство во Естонија, во септември Европско до 21 година во Албанија и во ноември во Мексико е Светското сениорско првенство.