Олимпискиот шампион во борење се степа со седум полицајци (ВИДЕО)

Olijnik udira

Поранешниот олимписки шампион во борење, Вјачеслав Олијник, се тепа со седум полицајци, откако тие се обиделе да го уапсат, што може да се виде на снимката.

Вјачеслав го освои златниот медал за Украина на Олимпијада во 1996 година. Олимпиецот е запрен во Киев од полициски возила зашто се сомневале дека возел пијан.

Олијник го прославувал својот 50 роденден. Откако бил сопрен од полицијата започнал расправија со нив, по што му било раскрвавено лицето и бил испрскан со лут спреј.

На видеото се гледа како поранешниот борач се обидува да удри полицаец во главата, а подоцна се тепа со седум други полицајци.

Олијник подоцна за медиумите изјавил: „Делумно сум и јас виновен. Не застанав и ја игнорирав полицијата. Но јас не сум крилминалец. Знам дека ќе има судење за овој случај и знам дека јас ќе добијам некаква казна“.

Олијник уште истиот ден си заминал дома, а случајот е заведен во полиција.

https://youtu.be/IQoHdbxHtSU

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON