Олимпискиот шампион Шабан Трстена се сретна со директорот на АМС

Олимпискиот шампион Шабана Трстена вчера имаше средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Трестена вели дека му ја честитал директорската функција на оваа значјна институција за спортот за македонскиот спорт, при што му посакал да има многу успеси со младите спортисти.

„Каевски ме информираше за програмата на Агенцијата за млади и спорт. Навистина ме изненади овој млад човек, има идеи и волја да работи за доброто и развојот на спортот, односно што подобро да ја претстават Република Македонија“, вели Трстена и истакнува дека Агенцијата за млади и спорт и дава голема поддршка и стимул на сите млади спортисти и сака дополнително да ги мотивира да тренираат и да донесат резултати и медали од спортските арени по светот,

„Целта на средбата беше размена на идеи и предлози во врска со развојот на спортот во Македонија, а особено во боречките вештини, кои се едни од најважните спортови во нашата земја Македонија“, нагласува олимпискиот шампион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON