Олимпискиот шампион Шабан Трстена денеска предводеше 20-тина борачи во расчитувањето на последиците од поплавите во селата Синѓелиќ и Стајковци во Скопје.
Оваа екипа предводена од Трстена ја сочинуваа борачи на Балканец од Штип, Тефјуз од Скопје, тренерот на БК Скопје, Хасан Бислими, но и од градот Дурсит од Турција. Репрезентативецот Бобан Данов ги предводеше борачите Армин Идризи, Ертан Реџепи, Рамадан Мустафовски, Иле Георгиев, Нацев Баже, Дарко Стојанов, Бехар Мамути, Амар Мурати, Исмаил Шкрета и најмладиот Аган Мамути, а тука беше и Трајче Димков, па тренерите на Тефјуз Назми Али и Нусрет Џафери.
Трстена вели дека тука не дошле за слава, зашто неа ја стекнале на спортските арени во светот.
„Секогаш имаме спротисти со човечки дух, да им помагаат на луѓето за време на секоја поплава што ќе се случи во нашата земја. Секој пат кога има луѓе спортисти, секој спортист што се бори со срце ги води луѓе на олимписките арени. Значи, ова е духот на вистинските спортисти кои дојдоа од градот Драч, од Балканец од Штип и БК Тефејуз од Скопје“, напиша на својот ФБ профил олимпиксиот шампион Шабан Трстена.
Трстена пишува дека ова не е доволно и дека уште требаат доброволци, затоа кој има можност нека дојде и нека помога.
„Господ нека ја благослови нашата нација“, завршува залтниот олимпиец.
Ipon.mk/В.Д.