Олимпискиот шампион Давор Штефанек може да остане без златото од ОИ?

Stefanek se raduva

Олимпискиот шампион Давор Штефанек од Србија можеби да остане без олимпискиот медал откако неговиот противник во финалето, Мигран Арутјунијан, најави дека ќе се жали до Спортскиот суд за арбитража (ЦАС).

Ерменецот беше поразен со резултат 1-1. Штефанек доби поен поради пасивност на противникот, додека Мигран го заработи својот поен со исфрлување на противникот надвор од границите на борилиштето. На доделувањето на медалите Емренецот одби да се слика на подиумот.

„Сите бевме сведоци на судиска фарса и не можеме да останеме рамнодушни. Одиме пред Судот за спортска арбитража да ја бараме правдата“ – истакна Грачја Ростомјан, секретарот на Олимпискиот комитет на Ерменија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON