Олимпик спорт постигна голем успех на Гранд при Кроација – трет во вкупниот пласман

Олимпик спорт е трет во вкупниот пласман на Меѓународниот турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска, со 2 златни и 1 сребрен медал.

Но превиот човек на клубот, Александар Кузмановски, вели дека можеби се и први, бидејќи Матеј Белистојаноски кој освои два златни медали е официјален член на Олимпик спорт а на турнирот е заведен како дел од матичниот Спорт 94.

„Ова е прв официјален настап на Матеј под Олимпик кој беше на висина на задачата 1 место и во јуниори и во У-21.

Како тренер сум задоволен од настапот, иако бевме со половина тим поради обврски и лесни повреди на останатите од клубот, како Магдалена Божиновска и другите“, вели Кузмановски, нагласувајќи дека следат и други турнири.

Тренерот на Олмпик спорт вели дека некој до неговите пулени ќе ја израдува Македонија на Европското првенство со медал.

Марија Милева освои златен, како и Матеј Белистојаноски, а Андреј Ангеловски сребрен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON