БК Олимпија ја продолжува меѓународната соработка, по двомечот со грчкиот боречки клуб Олимпикис од Волос, утре ќе одржат заеднички тренинг со клубот Васко и Ѓорги Илиеви од Ќустендил, Буагрија.
„Во четврток ќе пристигне екипата од Ќустендил, Бугарија, Васко и Ѓорги Илиеви. Вечерта ќе имаат заеднички тренинг со Олимпија, додека во петок во 12 часот во спортската сала на ООУ „Славејко Арсов“ двете екипи ќе имаат демострација на техники од грчко-римски стил и од слободен стил. Ќе има размена на искуства, тактика на водење борба. Така сакаме што повеќе да ги запознаеме и едуцираме децата за да се запознаат и навлезат во водите на овој спорт“, велат од БК Олимпија.