Светскиот и европски шампион во бокс, Мајкл Конлан (Ирска), ја нападна меѓународната боксерска федерација АИБА по поразот во четвртфиналето на олимпискиот турнир во категоријата до 56 килограми од Русинот Владимир Никитин. Конлан вели дека АИБА се е.ани рогоносци, коплиња, покажувајќи им го средниот прст.
Никитин победи со 3-0 со судиска одлука (29:28, 29:28, 29:28), откако судијата му даде предност во првата и во третата рунда.
Конлан беше шокиран од одлуката на арбитрите. Тој ја опиша АИБА како „корумпирана“ организација и се закани дек аповеќе нема да учествува во натпревари под покровителство на светската асоцијација.
„Никогаш повеќе нема да боксирам за АИБА. Тие се ебани курвини синови. Сите се на нивниот платен список. Не ми е гајле што пцувам на телевизија. Стигнав на Олимписките игри за да го освојам златото. Моите соништа се уништени, но знаеш што, пред мене е голема кариера. А тие знаат дека се измамници и секогаш ќе бидат измамници. Аматерски бокс смрди од сржта. Од дното спрема врвот“, рече фрустрираниот Конлан.
Тој ја нападна и Русија, велејќи дека Русите влијаат на судиите.
Ипон.мк пишуваше дека борбите на олимпискиот турнир ќе се местат, откако анонимен извор од АИБА судиите ја пренеса приказната на британскиот Градијан.