Олимиските експерти предвидуваат: Македонија има можност да освои медал на Олимписките игри

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров е ставен меѓу главните кандидати за медал во неговата категорија, во која уште се неприкосновениот Абдулрашид Садулаев, Кајл Снајдер и Шариф Шарифов.

Интернет страницата специјализирана за предвидување на бројот на медали на Олимписките игри, ја смести Македонија меѓу земјите кои би требало да освојат бронзен медал на претстојните ЛОИ во Токио. Македонскиот кандидат за медал е борачот Магомедгаџи Нуров. Македонија 20 години чека медал од Олимписките игри, откако борачот по потекло од руски Дагестан, Могамед Ибрагимов, ни донесе медал од ОИ во Сиднеј, Австралија, во 2000 година.

Токму популарниот Моги е активно вклучен во подготовките на Нуров.

Според предвидувањата, Нуров е меѓу четворицата кандидати за медал во борење слободен стил, во категоријата до 97 килограми. Главен фаворит за златото е Абдулрашид Садулаев, за сребото е Шариф Шарифов, додека битка за бронзата би требало да се борат нашиот Нуров и Кајл Снајдер.

Единствена земја со над 100 медали на ЛОИ во Токио треба да биде САД, а зад нив по бројот на медали би требало да бидат Кинезите, Русите, Британците и Јапонците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON