Олгица Орешкова ќе мора да се задоволи со бронзениот медал на Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора, откако во полуфиналето загуби од Русинката Кристина Иудина со 0-3.
Денеска Миа Тодорова во К-1 ќе се бори за златниот медал против Пеливан Ајшегул (Русија).
На ЕП настапуваат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.
Резултати – ЕП кик бокс-Будва, Црна Гора:
Кик лајт – постари кадети
-47 кг Исмаил Туркер – Решут Ксавиер (Полска) 0-3
Лоу кик – јуниори
-48 кг Олгица Орешкова – Кристина Иудина (Русија) 0-3
К-1 – јуниори
-57 кг Силивио Мировски – Страхиња Савиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-57 кг Силивио Мировски – Максим Лиубин (Молдавија) 0-3
-71 кг Горјан Ристовски – Милош Богуцки (Полска) 2-1
Полуфинале
-71 кг Горјан Ристовски – Иван Федорчук (Русија) 1-2
-65 кг Миа Тодорова – Донета Менџики (Косово) 3-0
Финале
-65 кг Миа Тодорова – Пеливан Ајшегул (Русија)