Носителот на титулите на ВБА Супер, ИБФ и ВБО во тешка категорија Александар Усик одговори на прашањето што би правел по борбата со Британецот Тајсон Фјури доколку таа се одржи. Неодамна беше објавено дека Усик потпишал договор за борба против Фјури.
Се уште не е познатно кога ќе се одржи оваа борба. Локацијата речиси сигурно ќе биде Саудиска Арабија. Борбата сигурно нема да се одржи оваа година. Причината е што Усик моментално се подготвува за борба со Даниел Дубоа.
Нивната средба ќе се одржи на крајот на август во Полска. Фјури, од своја страна, ќе се бори со Френсис Нгану во октомври во Саудиска Арабија. Оваа временска рамка сугерира дека борбата помеѓу Усик и Фјури би можела да се случи најрано во пролетта 2024 година.
„Ќе станам апсолутен светски шампион во тешка категорија. После тоа, ќе се повлечам од боксот и ќе се кандидирам за претседател“, рече Усик во интервју за Јутјуб каналот Секандс аут.
Усик имаше 20 борби, победувајќи на секоја од нив. 13 победи беа со нокаут. Александар е поранешен неприкосновен шампион во полутешка категорија.
View this post on Instagram