Олег Тактаров: Волков може да го убие Нгану (ВИДЕО)

Олег Тактаров верува дека неговиот сонародник Александар Волков може да го победи Фрeнсис Нгану.

Волков минатиот викенд во Лас Вегас забележа голема победа со нокаут над Алистер Оверем. „Драго“ е поранешен шампион во тешка категорија на Белатор и М-1. Тој сонува за шанса да ја освои титулата на УФЦ во тешка категорија, но веројатно ќе мора да направи уште една борба.

Тактаров е поранешен УФЦ борец кој пред многу години го освои турнирот во тешка категорија по 3 победи во една ноќ. Олег се повлече од ММА во 2008 година со скор 17-5-2 и во серија од пет последователни победи со принуда. Тој многу го пофали Волков и изјави дека Александар е број 1 во тешка категорија:

„Мислам дека Александар Волков може да го убие Френсис Нгану во подоцнежните рунди. Се разбира во наводници, навистина не го убива. Тој ќе го победи како што тоа го стори Оверем.

Мое мислење е дека Волков е најдобриот борец во тешка категорија во светот. Таа вечер во Лас Вегас, Волков беше најдобриот кај тешкашите во светот“, изјави Тактаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО