Олег Бичковски со бронзен медал од Балканското првенство!

Bickovski so medal

Олег Бичковски во конкуренција на 36 натпреварувачи освои бронзен медал во пионерска конкуренција 8-то Балканско првенство во кендо во Белград, Србија.

Македонската репрезентација учествува со 10 натпреварувачи во јуниори и сениори. Марија Манасиевска влезе во првите 16 во конкуренција на 40 натпреварувачи. Kesko so Bickovski

„Во сениорска конкуренција од 127 натпреварувачи, првото и второто коло го пројдоа сите сениори, а во третото победи остварија, Илија Андреевски и Матеј Ивановски, но загубија во четвртото, со што останавме без медал во сениори“, ни  изјави селекторот Златко Кесковски.

На Балканското првенство учествуваат седум национални тимови.

Утре се борбите во екипна конкуренција.

Ианку, во кендо има натпревари само во борби без тежински категории, така што сите пријавени се борат за три медали во возрасни категории. Досега најдобар национален тим е Србија, Романија, трети се Македонија и Црна Гора со по една бронза.

„Утре очекуваме напорен ден, со Србија сме во лига систем. Веруваме во успех“, истакнува Кесковски.

Sudii knedo

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON