Охриѓани и приредија свечен дочек на освојувачката на бронзениот медал на Светското првенство во традиционално таеквондо во Астана, Казахстан, Христијана Парулеска.
Парулеска го освои борнзениот медал во борби во јуниорска конкуренција.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, директорот на АМС, Наумче Мојсовски и спонзорот на Македонската традиционална таевондо федерација, сопственикот ПН Метал истканаа дека се горди на Христијана Парулеска и оти тоа е патоказ на сите млади, односно дека можат да успеат и дека вложувањата во спортот се ислаќаат. Македонија е горда што има вакви спортисти.
Своето задоволство не го криеше и селекторот и претседател на МТТФ, Марјанчо Лазаревски, кој рече дека ова е голем успех, а да не биле судиските неправди ќе имавме и посјајни и повеќе медали.
Македонија настапи со тројца натпреварувачи на СП во две дисциплини: форми (борби со замислен противник) и спаринг борби.
Имаше и натпревар за најдобра слика во текот на подготовките за Астана.
ДАВИД КРСТЕСКИ
5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан ,победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија ,додека во 1/4 финале беше оштетен од страна на судиите, во корист на претставникот од Аргентина.
ЕЛЕНА ЈАНЕСКА
5 место во спаринг -борби
јуниорки 16-17 години
победувајќи ја претставничката од Узбекистан , додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија
2 место
за најдобра слика ,во конкуренција од над 500 слики ширум светот, во текот на припремите за Астана, на која лично и додели награда (добок и ранец),директорот на “Дае До” генерален спонзор на ИТФ
ХРИСТИЈАНА ПАРУЛЕСКА
3 место во спаринг -борби
јуниорки 14-15 години
-победи над претставничките од Русија и Канада, додека во 1/2 финале против Грција, иако водеше 4-1, мораше да ја предаде поради повредата од 1/4 финале, а со тоа и избега златото, за кое беа сигурни во нашиот табор;
5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан ,победувајќи ги претставничките од Монголија и Русија