Хва ранг ИТФ ја почнува сезоната на „Србија опен 2018“ во Суботица

Тaеквондо клубот Хва ранг ИТФЛескоец-Охрид викендов (3 март) ќе учествува на Меѓународниот таеквондо турнир „Србија опен 2018“ од А класа во Суботица.

Со овој настап клубот ја започнува натпреварувачката 2018 сезона. Натпреварувачите на тренерот Марјанчо Лазаревски ќе ги одмерат силите во спаринг-борби поединечно и екипно..

„Со самото пријавување знаеме дека турнирот ќе биде премногу тежок, на кој учествуваат клубови од Украина која е трета светска сила, како и екипи од Бугарија која е четврта светска сила, а тоа дополнително ја зголемува конкуренцијата за медал. Според пријавите, ќе имаме чест на борилиштата да гледаме неколку светски и европски шампиони, што за нашите натрпеварувачи ова ќе е одлично искуство за во иднина, кога ќе исполнат критериуми да учествуаат на некое европско или светско првенство“, вели Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON