На теренот кај езерската полиција во Охрид завчера беше одржан неколкучасовен таеквондо тренинг и демонстрација на кој учествуваа тимови од Македонија, Србија и Словенија.
На тренингот е разменето драгоцено искуство меѓу таеквондистите од најдобрите таеквондо школи од Македонија (Хва ранг ИТФ), Србија (Бајша) и Словенија (Шкорпион).
Тренингот го водеа Исмет Ичановиќ од клубот Шкорпион, црн појас VI дан, носител на златен медал од Светско првенство и Маринко Стојаковиќ (црн појас, V дан) европски шампион од ТК Бајша.
Покрај нив на овој настан учествуваа и репрезентативката на Србија, Бојана Зориќ (црн појас), Зоран Донев (црн појас, I дан) и Ацо Јосифоски (црн појас, IV дан) , претседателот на таеквондо федерацијата на Србија, Дејан Ѓурасовиќ, како и таеквондистите од Хва ранг ИТФ.
Ipon.mk