Вчера во стартуваше првото издание на националниот таеквондо турнир „Охрид опен 2019“.
До комплетирање на целосните резултати ќе нагласиме дека ТКД Бутел е еден од најуспешните клубови со 23 медали – 13 златни, 7 сребрени и 3 бронзени. Филип Стаменов е борец на денот.
ТКД Кобра освои 6 медали – 4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен.
Пред почетокот на турнирот се обрати д-р Борче Костовски, претседател на Македонската таеквондо федерација, кој испрати огромна благодарност до организаторот на турнирот, клубот Хваранг фист од Охрид.
„Клубот е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација. Мора сите заедно да го промовираме овој спорт. Виновник за овој турнир е првиот човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства“, истакна Костовски.