Фјури се заблагодари на Кинахан за успешните преговори за два меча против Ентони Џошуа во 2021 година, по што реагираше дури и владата на Република Ирска, посочувајќи дека Кинахан е баран за голем број на криминални дејствија во неговата татковина.
Кинахан одамна живее на Блискиот Исток, каде што ја основаше промотерската куќа „МТК Глобал“. Арум вели дека Фјури веќе не е во пријателски односи со Ирецот.
„Во текот на викендот имав повеќе разговори со Тајсон и одлучивме дека отсега во иднина, само јас, мојата промотерска куќа ’Топ ренк’ и Фјури ќе имаат врска со преговорите за следните мечеви. Зборувавме и со Ден, кого го почитуваме и тој се согласи дека е подобро преговорите да се вршат на ваков начин“, вели Арум за „Телеграф“.
It’s official FURY VS JOSUAR AGREED FOR NEXT YEAR, I got to smash @bronzebomber first then I’ll annihilate @anthonyfjoshua #WEARESPARTANS
MASSIVE THANKS TO DANIEL KINNERHAN FOR MAKING THIS HAPPEN.🙏🏻👍🏻 god bless pic.twitter.com/18FfVKfCax
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) June 10, 2020
Кинахан е баран со потерница од ирската полиција поради организиран криминал, поточно продажба на дрога и на оружје. Во 2018 година, тој беше обвинет и во Шпанија за нарачано убиство на еден ривал на неговата група. Тој не смее да влезе во САД, каде што е на листата на ФБИ.
https://twitter.com/DickinsonTimes/status/1271331474755645442?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1271331474755645442%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Fk1-i-boks%2Fogroman-pritisak-urodio-je-plodom-svjetski-prvak-fury-okoncao-kontroverznu-suradnju%2F10410610%2F