Поранешниот американски боксер, Флојд Мејведер е ограбен во текот на викендот во Лас Вегас.
Додека го славел 40-тиот роденден го оставил својот дом незаштитен, а тоа било максимално искористено.
Крадците од неговиот дом успеале да земат околу 150.000 долари. Сепак, тоа не претставува проблем за Флојд кој има вкупно околу 340 милиони долари.
Мејведер е познат како човек кој богатството сака да и го покажува на јавноста.
Сега остана без некои вредни работи, но нема да жали за нив поради големото богатство кое го има.