Вечерва освојувачите на медалите од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, беа дочекани кај скопската Зоолошка градина од навивачи, клупски другари, родители и пријатели, како што доликува на шампиони.
Веци шампиону-транспарент со кој беше дочекана европската првенка Вероника Костовска-Веци. Имаше факели, шампањ за сите освојувачи на медали: Вероника Костовска, Петар Заборски, Моника Пендаровска и Сара Радичевска.
Радост, прегратки, солзи радосници и победничко навивање.
Шампионот Костовкса се најде во прегратките на татко и Срѓан, а поранешната европска шампионка за сениори Наташа Илевска беше голема поткрепа за своите ученици: Петар, Сара и Моника. На костовска во матичниот клуб „Кеикс“ и беше приреден величенствен пречек со огномет и торта, а радоста на браќата Куртановиќ, Елвир и Самир беше неизмерна.