Официјално Тони Белју се повлече од боксот

Поранешниот шампион во полутешка категорија, Тони Белју со месеци зборуваше за неговото повлекување од рингот, а денес тоа е официјално. Тони добро се држеше во својата последна борба против Александар Усик, но неизбежното се случи и Усик го нокаутира во осмата рунда. Тони има 35 години и очигледно одлучил дека повеќе не може да се натпреварува. Денес тој ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Денес, официјално ги известувам моите обожаватели и критичари дека се повлекувам од боксот. Нема да има повеќе борби за мене. Единствените работи што ќе ги видите од сега е да се обидам да постапувам мудро и да се воздржувам. Имав фантастична кариера. Направив моите соништа да се остварат. Најпрво би сакал да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа. Сега имам време да го напуштам рингот. Гонгот удари за последен пат. Ова не е крај на мојата приказна и продолжете да ме следит на www.bomberbellew.co.uk“.

https://www.instagram.com/p/BqfwM1YndFb/?utm_source=ig_embed

Тони Белју се повлекува од боксот со скор 30-3-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON