Хабиб: Конор добро се бранеше, но немаше избор, ќе му ја скршев вилицата

Хабиб Нурмагомедов успеа да го натера Конор Мек Грегор да се предаде во најголемата борба во историјата на УФЦ, која го собори рекордот по продадени платени гледања. Хабиб дури успеа да го испрати Конор Мек Грегор во нокдаун, што не се имаше случено во неговата кариера. Оваа победа го исфрли Хабиб на врвот и понатму ќе учествува само во битки кои ќе му заработуваат огромни суми. Друг факт е тоа дека милиони луѓе го следеа Хабиб на социјалните мрежи пред и по борбата со Мек Грегор.

И додека доста луѓе од ММА заедницата даваа убедливи прогнози за победа на Конор, Хабиб успеа да го надмине тоа и речиси два месеца подоцна одлучи да ги сподели интересните работи за битката.

„Ми беше доста тешко и на денот пред мечот се наспав добро, затоа што денови пред тоа имав многу тешко симнување на килажата и 24 часа не спиев. Немаше да ви кажам, ако имав изгубев, но победив и не е проблем да кажам. Психичката состојба е многу важна, бидејќи таа е прва, а потоа се важни физичките вештини.

Кога вашата психа не е подготвена, тогаш физичката форма и вештините се бескорисни. Се разбира дека се плашам и сум нервозен пред борба, но тој страв не е од тоа дека може да заработам повреда или да ме удираат, туку од тоа дека може да се претставам лошо во кафезот, а милиони луѓе ме гледаат.

Не сакам да губам, и ако прашате, од каде е оваа моја психичка сила, тогаш ќе ви кажам дека сето тоа доаѓа од Бог. Победа, пораз и нерешено – сè е од него. Денес сме живи, но утре можеме да умреме. Сега сум на 30 години и тоа значи дека 50 отсто од мојот живот е завршен, но кога погледнав назад е како секунди. Знам дека живееме и ќе умреме и конечно сите овие пари и признанија – исчезнуваат.

Многу луѓе не разбираат, но она што применив на Конор Мек Грегор може да му ја скрши челуста. Имаше огромен притисок врз неговата вилица. Може да се извлечеш од зафат за задушување, но, кога е на вилицата, е различно, затоа што може да имаш силна волја, тогаш тоа значи дека ќе ти ја скршам челуста со овој зафат. Немаше избор. Со години ги тренираме овие работи и пробаме секакви работи од различни позиции. Кога направив зафатот почувствував дека ова е моментот – тој ќе се предаде.

Луѓето мислат дека тоа беше зафат кој прави притисок на вратот, но, всушност, притисокот беше на челуста. Тој добро се заштити и се обиде да ја наведне главата, бидејќи мислеше дека ќе ме сопре, но не успеа. Според мене, Конор не очекуваше оваа прегратка да биде толку силна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО