Официјално: Мајкл Биспинг – Жорж Сент Пјер на УФЦ 217

По неколку откажувања и многу пресврти, конечно, Жорж Сент Пјер официјално ќе се врати во октагон.

Вчера УФЦ објави дека 36-годишниот борец ќе се сретне со Мајкл Биспинг за титулата во средна категорија во главната борба на вечерта на УФЦ 217 на 4 ноември во Њујорк.

Веста е само формалност откако ЖСП неодамна објави фотографија на која потпиша договор за борба, а разговорите се одвиваа од февруари.

Сент Пјер не се борел откако со судиска одлука го победи Џони Хендрикс на УФЦ 167 во 2013 година. Ова беше девета последователна одбрана на титулата во полусердна категорија. Тој се враќа со ское 25-2, од кои 19 се во УФЦ.

Биспинг има 20 победи во организацијата, последната е за одбрана на титулата против Дан Хендерсон во октомври. Грофот потоа го залечи коленото и ги чекаше преговорите со ЖСП.

Еве ги борбите за УФЦ 217:
Мајкл Биспинг – Жорж Ст. Пјер
Коди Гарбрант – Т.Ј. Дилшоу
Аијеман Захаби – Рикардо Рамос
Џони Хендрикс – Паоло Борачина
Алексеј Олеиник – Кертис Блајдес
Гаџимурад Антигулов – Јон Кутелаба
Кори Андерсон – Патрик Камминс
Стивен Томпсон – Хорхе Масвидал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON