Официјално: Ник Дијаз се враќа наесен

Едно од најочекуваните враќања во светот на мешаните боречки вештини е веќе факт.

По повеќе од 6 години оддалеченост од кафезот одличниот Ник Дијаз конечно повторно ќе стапне во октагонот. 37-годишниот ветеран кој не се борел од 2015 година ќе се врати на УФЦ 266.

Гала вечерта е закажана за 25 септември во Лас Вегас, а негов противник ќе биде поранешниот шампион во полутешка категорија Роби Лоулер.

Ова ќе биде реванш меч. Тие првпат се бореа во 2004 година, кога Дијаз победи со нокаут во втората рунда.

Самиот Дана Вајт ја објави веста и истакна дека средбата ќе трае 5 рунди, иако нема титула. Ова ќе биде само втор ваков меч во историјата на УФЦ. Првиот беше меѓу Леон Едвардс и Нејт Дијаз на УФЦ 263.

Според извори блиски до настанот, УФЦ официјално ќе го објави мечот до крајот на оваа недела. Сè уште не е познато во која категорија ќе се одржи средбата, а најверојатно ќе биде во полусредна категорија (77 кг).

Лоулер (39) не се борел од минатиот август, кога го загуби четвртиот меч по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО