Кон крајот на следниот месец, легендата Алистер Оверeм ќе се врати во кик боксот. 41-годишниот ветеран ќе се бори за титулата во тешка категорија против доминантниот Рико Верховен. Тие двајца ќе ја предводат главната борба на Глори Колишн 3 што ќе се одржи во Арнхем.
Оверем се враќа на кик -боксот по 11 години поминати во ММА. Алистер има скор 10-4 во рингот и е во серија од 5 последователни победи. Во неговата последна борба во кикбоксот тој го нокаутира Питер Аертс во 2010 година.
Оверем победи на 7 средби со нокаут, а на 3 беше нокаутиран. Последен пат се бореше во февруари оваа година и загуби со нокаут од Александар Волков. Ова ја прекина серијата од 2 последователни нокаут победи.
Верхувен, пак, има скор 58-10 во рингот и е во серија од 14 последователни победи. Тој доаѓа по победите над Гергес и Хбабез во една ноќ. Рико ги победи во јануари оваа година и победи на турнирот во тешка категорија. Верховен победи со нокаут на 18 меча. Тој е шампион 8 години.
Не очекува интересна средба, а Глори го објави официјалниот трејлер: