Александар Волкановски и Илија Топурија ќе го предводат настанот УФЦ 298 што ќе се одржи во февруари 2024 година.
Веста официјално ја објави Дана Вајт. Точниот датум и локација за настанот се уште не се познати. Се шпекулира дека Вајт сака да биде дел од прославите на Супер боул и да биде домаќин на настан тој викенд во Лас Вегас.
Волкановски има скор од 26-3 во ММА, а на крајот на минатиот месец беше нокутиран од Ислам Махачев. Така Алекс по вторпат загуби од Дагестанецот и не успеа да стане двоен шампион. Во перолесна категорија Александар има 5 одбрани на титулата и нема пораз. Тој ги доби своите 13 борби во оваа дивизија и изгледа непобедливо во неа. Алекс заврши 16 од своите мечеви и двапати беше нокаутиран.
Топурија има скор од 14-0 во ММА, од кои 6 се во УФЦ. Во последната борба кон крајот на јуни го победи Џош Емет. Илија завршува 12 од своите мечеви, 4 пати со нокаут и 8 со завршница. Во 2018 година Топурија се бореше за титулата во Кејџ вориорс и победи, но не можеше да ја освои бидејќи не успеа на мерењето.
View this post on Instagram