На почетокот на годината беше најавен мечот меѓу Џервонта Дејвис (28-0, 26 КО) и Рајан Гарсија (23-0, 19 КО), а сега пристигна и официјалната потврда.
Дејвис и Гарсија ќе се соочат на 22 април на боксерскиот спектакл во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Мечот меѓу двајца непоразени и многу популарни борци ќе биде еден од повозбудливите дуели кои моментално се нудат на боксерската сцена.
Џервонта Дејвис минатата година се раздели со Флојд Мејведер и сега се грижи за својата кариера.
Моментално го има шампионскиот појас во лесна категорија на ВБА (регуларен), но нема да го брани против Гарсија.
Имено, нивниот меч беше договорен до 61,7 килограми, што е за 0,45 килограми над границата во лесна категорија.
Гарсија е боксер за кој многумина тврдат дека ги има најбрзите раце на светот. Неговиот последен меч беше во јули минатата година кога со нокаут во шестата рунда го совлада Хавиер Фортуна.
Во јануари Дејвис го победи Хектор Гарсија со прекин во деветата рунда.
View this post on Instagram
View this post on Instagram