Официјално е! ПФЛ објави кој ќе биде следниот противник на Нгану во ММА: Нема подобар начин да се најде противник!

Борбата против Френсис може да им донесе многу на двајцата, а ако се потсетиме на сите клаузули кои Нгану ги договори со ПФЛ, тие сигурно ќе бидат мотивирани и финансиски.

Помина долго време откако Френсис Нгану потпиша за ПФЛ, но оттогаш одржа само еден боксерски меч. Наскоро одработи уште еден, овој пат против Ентони Џошуа, додека неговото деби во ПФЛ се уште не е блиску до реализација. ПФЛ го оправда со тоа дека сè уште немаат ништо интересно за него.

На чекањето, сепак, потенцијално му дојде крајот со спојувањето на ПФЛ и Белатор, а тука Френсис ја гледа својата можност да најде потенцијален противник. Рајан Бадер и Ренан Фереира се борат на нивниот прв заеднички настан оваа недела, а Нгану ќе оди на победникот:

„Тоа е мојот потенцијален противник, мислам дека победникот на тој меч ќе биде момчето со кое ќе се борам кога ќе се вратам во ММА. Пред се и двајцата се шампиони. Победникот ќе биде двократен шампион. Мислам дека нема подобар начин да се најде противник за мене, имајќи предвид дека сум и шампион во случај да сте заборавиле“, изјави Нгану за ЕСПН.

„Имам намера да се вратам во ММА. Кога точно, тоа зависи од 8 март. Сè уште не ја завршив мојата ММА кариера, само сакав да го остварам мојот боксерски сон. Можам да ги комбинирам и двете и да уживам кога ќе се отвори можност. Не сум готов со ММА, имам намера да се вратам и да дадам добри настапи“, додаде тој.

Кога Бадер и Фереира ќе го слушнат ова, нивната мотивација за победа сигурно вртоглаво ќе порасне. Борбата против Френсис може да им донесе многу и на двајцата, а ако се потсетиме на сите клаузули кои Нгану ги договори со ПФЛ, сигурно ќе бидат финансиски мотивирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON