Одредена резервата за Блахович – Адесања

УФЦ обезбеди повеќе од добра опција за резерва на борбата за титулата во тешка категорија.

На 6 март Јан Блахович ќе го брани појасот против Израел Адесања, а во случај некој од нив да не може да учествува на мечот, тој ќе биде заменет со Гловер Тешеира.

Бразилецот неодамна изјави дека доброволно ќе побара место на резерва, изавувајќи за ММА Фајтинг дека се договорил со УФЦ.

„Ќе бидам резерва, ќе одам таму и ќе влезам во категоријата“, рече Тешеира.

41-годишниот Бразилец е кандидат за број 1 за титулата откако ги победи Тијаго Сантос, Ентони Смит, Никита Крилов, Јон Кучелаба и Карл Робертсон помеѓу 2019 и 2020 година. Сепак, со неговиот подем од средна во полутешка категорија, Израел Адесања го помина во борбата за титулата и Тешеира сè уште ја чека својата шанса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON