Одложени Генералното собрание на ЕБУ и семинарот за професионални бокс судии

Генералното Собрание на Европската боксерска унија (ЕБУ) и официјалниот семинар за професионални бокс судии се одложени поради коронавирусот, соопштија од Про бокс Македонија (ПБМ).

Според програмата и календарот на ЕБУ Собранието требаше да се одржи на 30 мај во Ла Коруња Шпанија. Право на учество имаа сите полноправни членови на ЕБУ, а делегат од ПБМ е Дарко Чатлески.

„Според сегашната ситуација со Ковид 19 или корона вирусот, Генералното собрание се одложува за 2021 година, исто така во овој период се забранети секакви професионални боксерски манифестации во Европа до излегување од оваа криза. Исто така, во организација на Хрватскиот сојуз на професионални боксерски спортови (ХСПБС) требаше да се одржи семинар за професионални судии на 16 мај на островот Крк. Семинарот требаше да го води членот на УО на ЕБУ и ВБЦ Петар Штуки од Швајцарија во соработка со судијата на ЕБУ и ВБЦ Звонко Рукавина“, вели Дарко Чатлески, првиот човек на ПБМ.

Условот за учествуво на семинарот бил судиите да се членови на ПБМ и да суделе на интернационални боксерски мечеви за титула.

„Од нашата организација беа предложени искусните судии кои имаат судено за титули и беа прифатени за семинарот: Ѓорѓи Чатлески  – ВБЦ, ВБУ и УБФ, Цане Ѓоргиоски – УБФ, Трајче Попов – УБФ. Имавме планирано и други активности со нашите професионални боксери, но мораме да почекаме да помине ова зло. Посакувам никој да не заболи, а заболените брзо да се опорават“, рече Чателски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON