Следниот викенд се подготвува нов спектакл со боречки вештини. Стејпл центарот во Феникс ќе биде домаќин на настанот УФЦ 274 предводен од два натпревари за појаси.
Настанот е предводен од борбата за титулата во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира и Џастин Гејџи, а во конасловната борба Роуз Намахунас ја брани шампионската титула во сламка катгеорија против Карла Еспарца.
Посебно интересен ќе биде дуелот на Мајкл Чендлер против Тони Фергусон, кој на публиката секогаш и дава голема борба.
Чендлер има два порази во низа, а Фергусон загуби во последните три настапи.
Чарлс Оливеира по втор пат ја брани титулата во лесна категорија.
Противник му е Џастин Гејџи, кој веќе еднаш се обиде да ја освои титулата, но загуби во 2020 година од Хабиб Нурмагомедов.
Погледнете ја одличната најава за настанот УФЦ 274 во новото видео на „Одбројување“:
https://www.youtube.com/watch?v=4GCbxhAAz48&feature=emb_title