Александар Димовски и Милан Кубин покажаа одлични борби на синоќешниот настан Лајонс ФЦ 7 во Нојшател – Швајцарија, во К-1 мечевите. Според сите присутни, а и изјавите на нашите кикбоксери се дека се задоволни од прикажаното.
Александар Димовски – Димса се сретна со Мохамед Амин во тешка категорија и во рамноправна борба судиите досудија 28-29 за противникот, додека борбата на Милан Кубин во лесно-тешка со Џејсон Каламбеј заврши нерешено.
Мите Ашкилов не се бореше, бидејќи неговиот противник се разболел и не се појавил на мерењето.
„Борецот со којшто се борев тренира во Холандија со светската елита, а имавме рамноправна борба. Јас сум задоволен, а и сите тука ми честитаја на борбата што ја прикажав. Милан се бореше со домашен и екстра борец Џејсон Каламбеј. Пресудија нерешено, а цела сала виде дека Милан го победи него. Срамота за организаторот. Но навикнавме на вакви одлуки, бидејќи скоро секогаш сме гости, и, ако не направиш нокаут, тешко дека ќе добиеш на поени. Во секој случај, презадоволни сме, оставивме екстра впечаток кај јаки промотори и борци. Секако, ќе има уште квалитетни борби. И благодарам на поддршката на нашинците во Швајцарија, посебно на Бени Османоски и сенсеи Борче Лескаровски“, изјави Александар Димовски – Димса кој вели дека овој настан има екстра организација.
Ipon.mk