Многумина ќе речат дека Конор Мек Грегор е забавувач, а не спортист, повеќе кловн, а не некој што треба да ги практикува боречките вештини. Но, никој не може да му ја негира популарноста и чувството на „бизнис“. Ова го покажуваат податоците за рејтинзите на првата епизода од новата сезона на The Ultimate fighter (22 сезона), која премиерно беше прикажана во средата во САД (Фокс спорт).
Според Фокс спорт, првата епизода е најгледана во изминатите 2 години. Во просек ја гледале 622.000 гледачи. Во еден момент, гледаноста се искачила на 745.000, што е многу задоволителна бројка за лидерите на УФЦ, како и за луѓето во ФОКС. За споредба, на премиерата на ТУФ: ATT – Blackzillians во просек ја гледале околу 490 илјади, а ТУФ 20.536 гледачи.