Мечот меѓу Израел Адесања и Шон Стрикленд е водечка на новиот боречки настан на најголемата светска ММА организација, кој ќе се одржи следниот викенд во Сиднеј.
На настанот УФЦ 293 во Кудос бенк арена Изи ќе го брани шампионскиот појас во средна категорија што го врати по триумфот во реваншот против Алекс Переира.
А Стрикленд веќе некое време го спомнува Адесања, па раководните лица на УФЦ му ја исполнија желбата.
По двете победи годинава против Насурдин Имавов и Абусупијан Магомедов, американскиот борец доби шанса да се бори за титулата.
Во конасловната борба ќе учествуваат двајца големи тешкаши, Таи Туиваса и Александар Волков.
Туиваса ќе се обиде да ја прекине серијата порази откако беше нокаутиран од Аирил Гане и Сергеј Павлович, додека Волков има две победи во низа, победувајќи ги со нокаут Жаирзињо Розенструик и Александар Романов.
Погледнете ја најавата за уште еден спектакл со боречки вештини во видеото на УФЦ 293 Одбројување: