Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски е задоволен од постиганите резултати на првиот настап во новата година откако неговите картисти освоија 6 медали – 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени, како и едно пето место на силниот Меѓународен турнир „Гран при Кроација“ во Самобор, Хрватска, на кој учествуваа 1611 каратисти од 24 држави од Европа и светот.
Медалите ги освоија:
1.Петар Заборски – сениорска конкуренција, апсолутна категорија – бронзен медал
2.Петар Спасеновски – постари јуниори (У-21), -84 кг – златен медал
3.Абдурахим Идризи – постари јуниори (У-21), -60 кг – сребрен медал
4.Ангела Мојсовска – постари јуниори (У-21), -68 кг – бронзен медал
5.Глигор Петков – јуниори, +76 кг – бронзен медал
6.Стефан Стојановиќ – кадети, + 70 кг – бронзен медал
7.Моника Пендаровска – (У-21), пето место
„Најдобар впечаток оставија каратистите Петар Заборски кој се натпреваруваше во посебниот дел на овој турнир, односно се одржа и елитниот натпревар во сениорска конкуренција во борби во апсолутна категорија и Петар Спасеновски во групата на постари јуниори (У-21), освојувајќи го златниот медал.
Петар Заборски во конкуренција на 45 сениори успеа да влезе во најдобрите четири спортисти на ова престижно натпреварување. Тој до влезот на големото финале, имаше вкупно седум борби од кои 5 (пет) победи и два порази од хрватските репрезентативци Анџело Квесиќ и Иван Квесиќ, што беше доволно за бронзениот медал. Ако се знае дека Иван Квесиќ е актуелен светски првак во полутешка категорија и неговиот брат е бронзен медалист, исто така од Светското сениорско првенство, тогаш може да се претпостави за каква конкуренција стануваше збор“, нагласува Бошко Заборски.
Во елиминацискиот дел Петар имаше четири победи и тоа:
Петар Заборски – Кардија Марко (Италија) 3-0
Петар Заборски – Маријан Логарушиќ (Хрватска) 3-0
Петар Заборски – Стефан Петков (Бугарија) 1-0
Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-1 со прв земен поен
Во вториот дел (фајнл-фор) имаше уште три борби и тоа со:
Петар Заборски – Анџело Квесиќ, загуби со дисфалификација од Хрватот
Петар Заборски – Анес Чонго (Босна и Херцеговина) 4-2
Петар Заборски – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-0, со судиско изјаснување судиите победата му ја доделија на светскиот шампион.
„За оваа судиска одлука имаше негодување од страна на публиката, но судиската одлука е последна“, вели Заборски.
Ipon.mk