Одлична компилација на најбрзи нокаути во историјата на УФЦ (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација направи уште една интересна компилација. Имено, УФЦ на својот Јутјуб канал објави видео со најбрзите нокаути во историјата на промоцијата.

Фантастичното завршница на Хорхе Масвидал во јули 2019 година на УФЦ 239 кога со летечко колено за само пет секунди го победи Бен Аскрен продолжува да води како најбрзиот нокаут забележан во октагонот на најсилната организација.

И дотогаш, повеќе од 13 години, Дуан Лудвиг го држеше рекордот за најбрз нокаут во историјата на УФЦ.

Тоа се случи во јануари 2006 година кога со првиот удар го собори Џонатан Гулет, за тој потег беа доволни шест секунди.

Три години подоцна Тод Дафи го заврши Тим Хејг за седум секунди.

Исто толку време му требаше на Чан Сунг Јунг, попознат како Корејско зомби, да го победи Марк Хоминик на УФЦ 140 во декември 2011 година.

И на Рајан Џим му беа потребни седум секунди за да го нокаутира Ентони Перош, а тоа беше на настанот УФЦ 149 во јули 2012 година.

Погледнете ги најбрзите нокаути во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON