На заедничкиот настан на Белатор и Ризин овој викенд во Саитама супер арена се борат две легенди на Прајд.
Поранешниот шампион на Прајд во тешка категорија, Федор Емелијаненко ќе ги одмери силите со Квинтон Џексон.
Во другите борби, Мајкл Пејџ (16-1) се бори со Шиншо Анзаи (11-3).
Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор, Мајкл Чендлер (19-5) се бори со Сидни Аутлоув (14-3) и Лоренц Ларкин (21-7) со Кит Накамура (35-10-2).
Белатор го објави Одбројувањето посветено на главната борба на вечерта.