Хва ранг ИТФ ја одбележа најуспешната година

Теквондо клуб Хва ранг ИТФ Лескеоц-Охрид, кој воедно е и најдобар клуб во Македонија, традиционално ја одбележа годината на заминување со свеченост на која беа прогласени најдобрите натпреварувачи и се зборуваше за успесите.

„Можеме да се пофалиме дека 2019 година е една од најплодните години на нашиот клуб и најуспешна година на Макeдонската ИТФ“, вели првиот човек на клубот Марјанчо Лазаревски.

Најголемиот успех за оваа година, а водено и историски, прв во Македонија кој на 11 годишна возраст освоил бронзен медал на Европското таеквондо ИТФ првенство во Римини –Италија го забележа Давид Крстески.

 Оваа година медали освоија:

  1. Димитар Андрески -1 златен, 1 бронзен медал
  2. Тео Стефаноски – 1 сребрен, 2 бронзени медали
  3. Стефан Богоески – 2 сребрени, 1 бронзен медал
  4. Мартин Богоески – 1 златен медал
  5. Климент Богоески – 1  сребрен медал
  6. Александар Христоски – 1 сребрен медал
  7. Елеонора Христоска – 1 сребрен медал
  8. Теодора Митреска -1 златен , 1 бронзен медал
  9. Филип Митрески – 1 бронзен медал
  10. Петар Трифуноски – 1 сребрен, 1 бронзен медал
  11. Михаил Јоноски – 2 златни, 1 сребрен, 2 бронзени медали
  12. Хрстијана Парулеска – 2 сребрени, 3 бронзени медали
  13. Софија Колушоска – 4 бронзени медали
  14. Јохан Парулески– 1 златен  медал, 2 бронзени медлаи
  15. Леон Смически – 1 бронзен  медал
  16. Никола Балчески – 2 златни, 2 сребрени, 3 бронзени медали
  17. Дарјан Китаноски – 1 бронзенен  медал
  18. Владимир Димитриевиќ –  1 златен, 1 бронзен медал
  19. Миле Климоски- 1 бронзен медал
  20. Стефан Каланоски- 2 златни, 2 сребрени медали
  21. Кристина Симиќ -1 сребрен медал

Најдобри поединци кои осовиле најмногу медали за оваа година се:

Трето местоМарио Крстески– 2 златни, 1 сребрен, 3 бронзени медали

Второ местоЕлена Јанеска – 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали

Прво местоЈане Димов – 5 златни, 3 сребрени, 2 бронзени медали

Четвртфиналистите  на Светското првенство  во Пловдив Бугарија

Божидар  Димитриевиќ –  1 златен, 3 сребрени, 4 бронзени медали

Давид Велковски– 1 златен, 3 сребрени, 2 бронзени медали

„На крајот на ноември еден наш долгогодишен член, кој работи и живее во Скопје, Климент Грозданоски во склоп на Кикбокс федерацијата  на Македонија, учесвуваше на ВАКО кикбокс Светското првенство во Анталија –Турција, каде што со две победи над претставниците од Ерменија и Италија се избори за влез во полуфинале и се закити со бронзен медал, со што направи повторно да се гордееме на нашиот квалитет“, рече Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО