Одбележан денот на џудото и во Македонија

Вчера се одбечежуваше светскиот ден на џудото, кој беше посветен на „честа“. Како во светот, така и кај нас се одбележа големиот ден на џудото. Одбележување имаше во Прилеп, Скопје и други градови.

10746911_10205210355168549_782856298_o

Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг. Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да помогнеме да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.
УНЕСКО препорачува учениците да тренираат џудо (заедно со пливање и гимнастика), затоа што џудото е најефикасна врска помеѓу добрата физичка и психичка состојба на децата. Тоа овозможува физички и психички развој на децата преку игра и забава.
Џудото овозможува интегрално физичко образование, зајакнување преку познавање на спортот и сите детски психомоторни способности како што се ориентација во простор, перспектива, користење на двете раце, развивање на телото, фрлање, влечење, туркање, ползење, скокање, тркалање, паѓање, независна заедничка координација на рацете и нозете, рамнотежа, координација и еластичност.

den na jdudoto 2
Исто така, го подобрува функционалниот капацитет, ги зајакнува телесните мускули и го намалува ризикот од васкуларни и дегенеративни болести.
Мора да се нагласи дека џудото се препорачува за деца со асма и проблеми со видот затоа што помага за зголемување на самопочитувањето и за намалување на чувството дека страдаат од хронична болест.
Од психолошки аспект, џудото е одлично за подобрување на вниманието, концентрацијата и менталната реакција на училиште затоа што вградува најголемо почитување за себеси и за другите. Претставува одлична активност за повлечените деца поради блискиот однос што дава поттик, како и за потемпераментните затоа што претставува одличен издувен вентил.
Во споредба со другите боречки спортови, џудото не поттикнува насилство туку развива насочена борбеност. Го промовира изразувањето емоции и помага во развивањето на самодовербата.
Друга предност на учењето на џудо уште во детството е тоа што техниките од џудото може да се користат и во секојдневниот живот, како и во други спортови.
Техниката за паѓање систематски го подготвува и ги приспособува телото за да се спречи повреда, не само на душекот, туку и во секојдневниот живот. Техниките од џудото може да се применат во спортови како што се јавање, возење мотор, ракомет, фудбал, кошарка, карате. борење, аикидо, џиуџитсу, самбо и други.
Во семејството на спортовите и физичките активности, никој не ја оспорува моќта на џудото за социјализирање и придонесот кон етичките и моралните вредност во формирањето на личноста како што се љубезност, храброст, искреност, чест, скромност, самоконтрола, лојалност, пријателство, благодарност и почит.
Џудото е олимписки спорт од 1964 година и Меѓународниот олимписки комитет го смета џудото за најкомплетен спорт што го подобрува животот на спортистот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО